16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: До Март ќе пристигнат вакцините и ќе бидат платени, но доколку...

Заев: До Март ќе пристигнат вакцините и ќе бидат платени, но доколку сака некој да ни донира ние задоволство ќе ја прифатиме донацијата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека вакцините против коронавирусот во земјава ќе пристигнат најверојатно во март следната година. Тој додаде дека државата има издвоено средства за набавка на вакцини и ќе си ги плати. Но, потенцира, ако станува збор за донација, тогаш ние со задоволство ќе ја прифатиме без разлика од некоја држава или пак од Унијата. Тој истакна дека се обезбедени и соодветни фрижидери за чување на вакцините. Ќе се води и јавна кампања за потребата од вакцинирање за да се вакцинираат поголем број граѓани за да се стопира ширењето на пандемијата. Вакцината, нагласи тој, нема да биде задолжителна, бидејќи секој граѓанин има право да одлучува за својот организам.

<

–Целиот систем е врзан со КОВАКС системот. Кога ќе тргне вакцината, но, збориме за вакцинација на населението, а не за две илјади, пет илјади вакцини и да се натпреваруваме кој прв набавил. Колку доктори и сестри имаме ние само за вакцинирање, над 12-13 илјади се само медицинскиот персонал директно што работи на КОВИД, така што јас очекувам дека март ќе биде месецот на вакцинирањето, рече Заев во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Тој вели дека има земји, како Србија, која веќе набавила вакцини, но тие, рече се само мал дел, и тоа не можре да се нарече вакцинација.

-Вакцинацијата е преку КОВАКС системот, не знам, прво стига Модерна и веќе почнува вакцинирањето. Додека се вакцинира стига Фајзер се вакцинира со Фајзер, стига Спутник и кои било – сите што се во КОВАКС системот, така што вакцинацијата е еден цел протокол којшто е дефиниран со насоките на СЗО каде што се дефинира целиот режим на пристигање и вакцинација на населението, но истовремено преку ваквиот еден систем се дефинираат и протоколите и приоритетите на вакцинирање, истакна премиерот.

На цело наше население, потенцира, му треба вакцинацијата заради тоа што преку тоа конечно се очекува да застане оваа епидемија или пандемија на светско ниво.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...