29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМаж на возраст од 30-40 години застрелан па фрлен во реката Вардар...

Маж на возраст од 30-40 години застрелан па фрлен во реката Вардар кај гостиварско Чергане.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Идентитетот на мажот, чие безживотно тело беше извлечено од Вардар кај гостиварското село Чегране уште е непознат. По првичните сознанија од увидот на јавниот обвинител, тој бил застрелан.

<

Од јавното обвинителство Гостивар, информираат дека вчера бил извршен увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.

Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото и се работи на утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата.

Вчера попладне, жител на селото, забележал тело на човек под мостот кое било во фаза на распаѓање, по што го пријавил случајот во полиција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Ова е одлуката на Извршниот комитет, а по предлог на претседателот на партијата, Христијан...

Македонец загина во Бугарија откако 19 годишник со кола влета во ресторан и уби три лица

Три лица загинаа откако 19 годишен возач со автомобил влетал во ресторан, објавија тамошните медиуми. Околу 01:36 часот ноќеска, на бројот 112 е добиена дојава...

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...