19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаСветФејсбук и Инстаграм го блокираа Трамп, најмалку до крајот на мандатот

Фејсбук и Инстаграм го блокираа Трамп, најмалку до крајот на мандатот

Цукерберг смета дека е преголем ризик во овој момент да се остави Трамп да ги користи социјалните мрежи. Посочуваат дека тој вчера го искористил неговиот профил за да го одобри, а не да ги осуди влегувањето во Капитол
Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ќе го блокираат американскиот претседател Доналд Трамп, барем до крајот на неговиот мандат кој истекува на 20 јануари, соопшти извршниот директор Марк Цукерберг.

Во објавата тој наведува дека настаните во последните 24 часа се шокантни и дека е јасно оти намерата на претседателот Трамп е да го искористи преостанатото време од неговиот мандат за да ја поткопа мирната и законска транзиција на власта, која треба да ја преземе победникот на изборите, Џо Бајден.

„Неговата одликата да го користи својот профил за да го одобрува наместо да го осуди дејствувањето на своите следбеници во Капитол со право ги вознемири луѓето во САД и пошироко во светот. Вчера ги отстранивме ваквите негови изјави бидејќи сметавме дека нивниот ефект и веројатно намерата беше да предизвикаат понатамошно насилство. По потврдата на изборните резултати од страна на Конгресот, приоритет на целата земја мора да биде да се обезбеди преостанатите 13 дена до инаугурацијата и деновите после тоа, да поминат мирно и склад со демократијата“,

наведува Цукерберг.
360 stepeni

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...