17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЦаровска: Второто полугодие ќе продолжи да се спроведува по истиот модел како...

Царовска: Второто полугодие ќе продолжи да се спроведува по истиот модел како досега

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за образование и наука Мила Царовска соопшти дека второто полугодие продолжува по истиот модел досега, кој според неа се покажал успешен во првото полугодие.

<

-Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел, рече министерката Царовска во гостувањето на ТВ Клан.Таа посочи дека најголем предизвик во првото полугодие било како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата.

-Но, овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, рече Царовска.

За неа, првото полугодие завршило успешно. Според статистиките на МОН, над 90% ученици успешно следеле онлајн настава, имало помалку од 1 % активни случаи со Ковид-19 на наставници и ученици од оние кое биле со физичко присуство, а наставата и оценувањето завршиле успешно и навреме.

Во меѓувреме, Сојузот на средношколци денеска најави бојкот на наставата ако властите не ги исполнат нивните барања во однос на полагањето државна матура. Вчера, пак, упатија реакција до властите барајќи да започнат со процесот на повторно отворање на средните училишта со постепено воведување на комбинираниот модел на настава.

Наспроти ставот на министерката Царовска, од Сојузот сметаат дека наставата од далечина оставила штетни последици врз менталното здравје на учениците, нивната потреба и врз квалитетот на самиот наставен процес.

-Во многу случаи, наставата од далечина беше и дискриминаторска – таа не дозволуваше еднакво учество на средношколците кои немаат пристап до ИКТ опрема или интернет. Сојузот изработи две истражувања кои ги потврдија овие наоди: 80% од учениците онлајн наставата ја оценија со 1, 2 или 3, т.е. ниски оценки, укажаа тие.

Второто полугодие треба да започне на 21 јануари, во четврток.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...