30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначлникот на Карпош ќе потроши 240.000 денари за да утврди колку билa...

Градоначлникот на Карпош ќе потроши 240.000 денари за да утврди колку билa успешна општината.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општината Карпош ќе потроши 4 илјади евра за консултантски услуги за оцена на успешноста на реализацијата на програмските активности. Ова го предвидува договорот склучен со Друштвото за менаџмент и консултантски активности „Рејтинг СП-М Дооел“ од Скопје. Договорот е склучен на крајот на минатата година, а извршителот има обврска да ги изврши услугите во рок од 14 денови.

<

Од Движењето за социјална правда Ленка на својот фејсбук профил објавија дека агенцијата Рејтинг, која е основана од поранешниот министер и генерален секретар на СДСМ – Ѓорѓи Спасов, од почетокот на март по различни основи наплатила 93000 евра буџетски пари. Актуелен директор на фирмата е неговиот син, Никола Спасов. За делењето тендери на оваа агенција претходно реагираа и од политичката партија Левица по повод тендерите склучени од општина Карпош во износ од 815.380 денари.

Од општината Карпош пак велат дека нема ништо скандалозно и сомнително во договорите за консултантски услуги за оценка на успешноста на реализацијата на програмските активности на Општина Карпош склучени со агенцијата „Рејтинг“.

Имено, локалната самоуправа распиша јавна набавка, која може целосно да се следи преку Електронскиот систем за јавни набавки, а на истата да учествуваат сите заинтересирани страни. Секоја сериозна институција, организација има потреба од теренски истражувања на јавното мислење. Општина Карпош ја има потребата од спроведување на вакви анкети за да се обезбеди и рационализација на средства и насочување на буџетските пари кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

skopje.info

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...