18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Теарце оддадена почит на загинатиот полицаец Момир Стојановски- кукавички убиен...

Во Теарце оддадена почит на загинатиот полицаец Момир Стојановски- кукавички убиен од УЧК во 2001 год

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утрово во Теарце делегација на Достоинство положи цвеќе пред објектот на полициската станица која на денешен ден во 2001 година, во 2 часот по полноќ беше нападната со рачен ракетен фрлач и рафали од автоматско оружје, што се смета за прв напад на тогашната ОНА и почеток на војната во Македонија. Во нападот животот го загуби полицаецот Момир Стојановски, а тројца негови колеги беа ранети. За ужасот од таа вечер говореше Јахи Лика, еден од ранетите полицајци.

<

Во делегацијата предводена од претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов беше и полицаецот Јахи Лика, кој таа ноќ беше ранет.

Пред приситните на настанот, кој се одржа пред објектот на полициската станица, кој денес е урнатина и е во приватна сопственост, за настаните од таа ноќ говореше Јахи Лика. Тој со болка говореше за својот колега Стојановски кој загина во нападот и кој се смета за прва жртва на конфликтот. Лика потсести на ужасите на војната и говореше и за правата на полицајците и бранителите од тој период. Самиот тој, како што рече, не е обесштетен.

Утредента по овој напад, како што потсети Ангелов, таканаречена ОНА, односно УЧК, ја презеде одговорноста со нивно соопштение број 4.

„УЧК наведе дека нивна специјална единица, поддржана од набљудувачи ја нападна со рактени фрлачи и автоматско оружје славомакедонската полициска станица во тетовско Теарце и дека нападите на славомакедоската униформа ќе продолжат додека не се ослободи албанскиот народ“, рече Ангелов.

Достоинство денеска и во Скопје оддава почит на бранителите од воениот конфликт од 2001 година, пред споменикот во паркот „Жена борец”.

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов најави повеќе актоивности за одбележување на значајни настани во текот на годината по повод 20 години од конфликтот под наслов „Да не се заборави за да не се повтори”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...