19.3 C
Ohrid
четврток, јули 17, 2025
ПочетнаМакедонијаСо парите за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила за...

Со парите за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила за Итната помош во Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Здравствениот дом во Скопје денеска доби две амбулантни возила за транспорт на пациенти, донацијата од Општина Чаир. Средствата наменети за новогодишно украсување, општината ги пренамени за поддршка на здравствените служби во борбата против ковид-19.

<

Сликата може да содржи: од надвор
– Ова е значајна донација. Овој сегмент на Итната медицинска помош е еден многу сериозен и значаен сегмент во целокупниот здравствен систем, кој во континуитет го надградуваме. Целокупниот возен парк повеќе од 3/4 целосно е обновен, со набавката од Министерството за здравство, од донациите кои пристигнаа во изминатиот период – рече министерот за здравство, Венко Филипче.Нема опис за фотографијата.

Тој информираше дека во овој момент трае процедура за вградување на посебни инструменти за ГПС навигација и камери во сите возила во Здравствениот дом во Скопје.

– За две недели ќе заврши целокупната инсталација и со тоа целосно ќе биде модернизиран и овој сегмент од Итната медицинска помош. Тоа значи дека во секој момент точно ќе се знае каде е возилото, каде се наоѓа, кога е испратено, за колку време ќе дојде од моментот на испраќање. Ова значи една многу значајна постапка за модернизација на возилата за ИМП – истакна Филипче.

Двете возила кои Општина Чаир ги донира чинат 2,6 милиони денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вили Гајда: „И покрај болеста, дојде времето повторно да се вратам во прилепскиот затвор”

Уставобранителот осуден за 27 април: Повторно во прилепскиот затвор И покрај сериозните здравствени проблеми со кои се соочувам, дојде време повторно да се вратам зад...

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...