14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаСветПротести и апсења во Русија – приведени 2.100 лица што бараа ослободување...

Протести и апсења во Русија – приведени 2.100 лица што бараа ослободување на Навални

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руската полиција денеска уапси повеќе од 2.600 демонстранти, кои на протестите низ целата земја бараа ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални од затвор.

<

Денешните протести во десетици руски градови, некаде и на температура од минус 50 Целзиусови степени, покажаа дека Навални, најголемиот противник на Кремљ, го проширил своето влијание надвор од политичките и културните центри на Москва и Санкт Петербург, вели Асошиејтед прес.

Невладината организација ОВД-инфо, специјализирана за политички апсења, соопшти дека властите денес уапсиле 2.662 лица во 90 града.

Руската полиција не го објави бројот на уапсените.

Се проценува дека повеќе десетици илјади луѓе се собрале во Москва на плоштадот Пушкин, каде што дојде до судири со полицијата, која, целосно опремена за сузбивање демонстрации, масовно апсеше луѓе.

Сепак, руската полиција објави дека се собрале околу 4.000 демонстранти, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

ТАСС пишува дека полицајците на теренот продолжуваат да предупредуваат дека собирот е недозволен и да ги апсат најактивните учесници.

Полицијата ги потисна демонстрантите од Пушкиновиот плоштад, според АП.

Меѓу приведените е и сопругата на рускиот опозициски лидер, Јулија Навалнаја.

Таа претходно на својот инстаграм-профил ја објави својата намера да протестира во Москва за својот сопруг, кој „никогаш не се предава“.

„Извинете за слабиот квалитет (на сликата), лошо е светлото во марица“, напиша таа иронично со селфи снимено во полициско комби, пренесе АФП.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...