13.3 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче Ангелов и реисот Шаќир Фетаи го осудија скандирањето „УЧК, УЧК“

Стојанче Ангелов и реисот Шаќир Фетаи го осудија скандирањето „УЧК, УЧК“

spot_imgspot_img

Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во Македонија, заедничка осуда на скандирањето „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“, било констатирано на денешната средба меѓу в.д.директорот на ЦУК Сојанче Ангелов и заменик директорот Екрем Зендели со претседателот на Исламската верска заедница реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје.

Аангелов изразил задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот Државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат, се вели во соопштението.

– Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во Македонија. Искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата. Заедничкото осудување на радикаизмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза, а секако и работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи – вели Ангелов.

Реисот изразил задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, а сега и со Центарот за управување со кризи. Тој посочил дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот, а особено да се реализираат и активности во правец да не се дава легитимитет на радикални групации. Тој посочил дека: „Добриот човек е добар човек, без разлика на неговата вера и нација“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...