27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПоранешниот полицаец Игор Спасов кој е осуден за убиство, бил откриен во...

Поранешниот полицаец Игор Спасов кој е осуден за убиство, бил откриен во Бугарија откако си ја претепал својата девојка..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осудениот за убиството на Мартин Нешкоски, поранешниот полицаец Игор Спасов бил пронајден по пријава за насилство од жената со која живеел во стан во софиското предградие „Младост“ – велат од МВР ден по апсењето на Спасов.

<

Идентитетот на бегалецот бил утврден за време на увидот од бугарската полиција која утврдила дека тој бил баран од Интерпол, но и дека Спасов по кој се трагаше повеќе од една година, неодамна влегол во Бугарија од Турција.

Според постапката, македонските власти сега треба да поднесат барање за екстрадиција во законските рокови. Сепак, за тој да биде донесен во Македонија, потребно е да се комплетира целосната документација, меѓу кои е и правосилната судска пресуда, налог за упатување на издржување казна затвор, како и наредба за издавање меѓународна потерница. Од бугарското министерство за правда за Канал 5 велат дека брзината на екстрадицијата е во рацете на надлежните во земјава кои треба да ја поднесат документацијата, нешто за што од македонското министерство велат дека е во тек.

-До Министерството за правда утрово пристигна известување од Министерството за внатрешни работи дека лицето Игор Спасов е приведено во Софија. Министерството за правда, по прибирањето на сите потребни документи, во предвидениот рок ќе достави до бугарските власти барање за екстрадиција на Игор Спасов назад во земјава.Министерство за правда.

Спасов беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски за време на прославата во Скопје за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. За делото доби казна затвор од 14 години, а по него се трага од октомври 2019 година кога не се врати во затворот Идризово на до извршување на казната, откако претходно беше пуштен од затворот поради здравствени причини и потреба од операции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...