24.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаСветМало бебенце починало после крштевката во Романија- Аутопсијата открила течност во неговите...

Мало бебенце починало после крштевката во Романија- Аутопсијата открила течност во неговите бели дробови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако се рашири веста дека новороденче починало непосредно по својата крштевка, оваа недела многу Романци се мобилизираа на социјалните мрежи за да ја убедат Православната црква да го смени начинот на којшто се изведува крштевањето.

<

– Смртта на новороденчето поради оваа практика е голема трагедија. Тој ризик мора да се отстрани, рекоа иницијаторите на петицијата на Интернет, која досега собра повеќе од 56.000 потписи.

Новороденчето, коешто било старо само шест недели, починало во болницата во понеделникот, непосредно по крштевањето во една црква во романскиот град Сучеава.

Според обредот, малечкото било потопено трипати во блажената вода. Детето се разболело и починало неколку часа подоцна во болница поради срцева слабост.

Аутопсијата открила течност во неговите бели дробови и отворена е истрага за убиство од небрежност против свештеникот кој ја водел церемонијата.

Прочитајте и… ИЦЈ се прогласи за надлежен за иранските тужби за американските санкции
Според извештаите на медиумите, во последните години се случиле неколку такви случаи.

Портпаролот на Православната црква, Василе Банеску изјави дека свештениците можат само да ги испрскаат новороденчињата со малку вода на челото за да избегнат вакви трагедии.

Но, архиепископот Теодосиј, тврдокорен водач на црквата, рече дека обредот нема да се промени.

Извор: Индекс.хр
слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...