10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСЕВЕРНО МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ВРАТИЈА СО ДЕМОЛИРАНИ АВТОМОБИЛИ ОД ГРЦИЈА

СЕВЕРНО МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ВРАТИЈА СО ДЕМОЛИРАНИ АВТОМОБИЛИ ОД ГРЦИЈА

Традиционално, секоја година илјадници македонски семејства го слават верскиот празник Велигден во соседна Грција. Годинава продолжениот викенд беше добар повод речиси да се испразнат нашите градови и граѓаните да се релаксираат покрај морето во Грција. Но, десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата.

Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил. Истиот бил паркиран пред хотелот, на само дваесет метри од влезот, но никој ниту слушнал, ниту пак видел нешто.Foto
Утрината, кога станале, кавадарчаните затекнале ужасна слика. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми… Повикале полиција, бил направен записник, и за нив завршило велигденското празнување на неславен начин.

Претпоставуваат дека со метален предмет било извршено дивјачкото демолирање на нивниот автомобил. Пред тоа, со никого ниту се замериле, ниту пак имале некаков проблем.Image result for демолирани автобобили грција

Дел од екипта на ,,Фокус” пак, во тек на вчерашниот ден затекна неколку џипови во близина на бензинска станица пред Гевгелија, со целосно искршени стакла и ретровизори.

Се враќале од продолжениот викенд во Грција, но одбија да им се објави идентетот и не сакаа јавно да зборуваат за демолирањето на нивните џипови кое исто така се случило во Грција.Image result for демолирани автобобили грција

-Нема што да се каже, еве се гледа штетата. Нема што да не фотографирате, уште да ни фаќаат сеир и да не исмејуваат ни фали. Не знаеме ни кој, ниту зошто го направил ова. Ни прекисна празникот, ама тоа е веќе завршена приказна – кратко ни изјавија.

На граничниот премин Богородица кај Гевгелија најмногу возила имаше во петокот наутро, иако многумина се упатија во Грција уште во четвртокот попладне, по завршувањето на работното време.

Истата слика, со долги колони возила можеше да се забележи и вчера, приквечер, кога илјадници нашинци се враќаа назад.

Вики Клинчарова за Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...