26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаСветМарко се ожени за 20 години помлада Албанка: Обичајот бил да оди...

Марко се ожени за 20 години помлада Албанка: Обичајот бил да оди три пати во Албанија, да оставиш 50 евра под шоља, исто така да купиш прстен и златно ланче..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марко Милутиновиќ од село Дрежник кај Ужице со години барал жена за брак, но кога годините го стигнале, а немало жени на видик, решил да се ожени со Албанка.

<

Се распрашувал подолго време, одел неколку пати до Скадар, но сите таму барале по 3-4.000 евра за да му донесат невеста.

Тогаш по помош на снаа, која имала роднински врски во Албанија за запознал 23-годишната Мањола. Иако речиси две децении е помлада од него, младата Албанка е веќе четири години во  брак со Марко и имаат 5-годишна ќерка Сара,и две годишен сим.

А како Марко отишол во Скадар, какви обичаи има таму, што се младоженецот морал да исполни за да ја „купи“ невестата и зошто на невеста и се купува златен ланец, прстен и костум, раскажува Марко:

-Одев неколку пати во Скадар, гледав девојки, ниту една не ме привлекуваше па ме прашуваа каква жена барам. Јас не барав жена за забава, туку за брак. Имав 46 години кога ја запознав Мањола, но жената која преведуваше на албански рече дека имам 36. За среќа изгледам помладо, па му поверуваат во тоа.

-Мањола дури по 3 месеци кога наголемо живеевме заедно во мојот пасош виде дека сум роден ’66, а не ’76. Па тогаш и се јави на мајка си и и рече: Па тој има 46 години, може татко да ми биде, раскажува низ насмевка Марко за почетокот на животот со Албанката.

– Меѓутоа Мањола тоа брзо го надмина, годините не се важни некој ако добро се сложува. За три месеци научи српски, убаво се вклопи, добра е со луѓето во село и многу сум задоволен, вели Марко од Ужице.

Тој додава дека кога луѓето слушнале дека се оженил за Албанка рекле: па добро зошто токму Албанка, и многу го озборувале, но после се тоа се смирило. Во селата има главно постари луѓе, а оние мажи кои останале неоженети, тешко наоѓаат жени кои ќе живеат на село. За Албанка тешко се одлучуваат прво поради националноста, а второ поради парите што му ги даваат на оној кој ќе му најде жена.

-Во Албанија се оди 2-3 пати, првпат кога се запознавате. Ако си се допаднете, тогаш го закажувате следниот состанок. При вториот состанок, одите во нејзината куќа на каде, под шољата оставате 50 евра, таков е албанскиот обичај, а тие го зема мајката на идната сопруга.

-Потоа со неа одиш во град, а доаѓа и мајката и преведувач. На невестата и купуваш костум, златен ланец и прстен ( и тоа е исто нивен обичај“, а подоцна доаѓате дома на ручек, и после тоа може да одите, вели Марко за обичаите кај Албанците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...