28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Ќе воведеме нови рестрикции ако почне засилено да се шири британскиот...

Филипче: Ќе воведеме нови рестрикции ако почне засилено да се шири британскиот сој на ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако се зголеми бројот на инфицирани лица со новиот британски сој на ковид-19, постои можност да воведеме нови засилени рестриктивни мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за ТВ24.

<

Тој додаде дека засега нема потреба од нешто такво, но дека будно се следи ширењето на британската мутација.

– Лично разговарав со претставници од Амбасадата на Велика Британија во земјава и сериозно ја следиме состојбата. Засега постојат две опции. Едната опција е бранот да се должи на мутацијата на вирусот, а тоа значи дека ќе треба да воведеме дополнителни рестриктивни мерки доколку забележиме дека бројот на заразени се зголемува. Втората опција е доколку станува збор за природен тек на епидемијата не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега нема потреба од воведување нови рестрикции, но будно ја следиме состојбата – рече Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...