10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВнимаваме колку вакцини нарачуваме, да не испадне после на крајот сме нарачале...

Внимаваме колку вакцини нарачуваме, да не испадне после на крајот сме нарачале 3 милиони па да нема што да им правиме..

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини за Ковид-19, и се шрави одмерување зашто, како што наведе, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

– Прво не се работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со Фајзер и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800.000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано ја објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини, потенцираше Заев одговарајќи на новинарско прашање зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини.

Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

– Така што се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Фајзер, Астра Зенека или се работи за Синофарм или за Спутник од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги исколкулирате сите количини. Така да не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така да не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Зоран Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...