19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаРадев: Во Македонија има повеќе од 100.0000 граѓани со бугарски пасош, нивните...

Радев: Во Македонија има повеќе од 100.0000 граѓани со бугарски пасош, нивните права мора да се почитуваат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарскиот претседател Румен Радев побара одговор од институциите во Македонија и Бугарија за сигналите добиени од претседателството на етничките Бугари во Македонија, за проблемите со кои се соочуваат.

<

Според Бугарските медиуми, оваа изјава на Радев е мотивирана од писмото кое го добил од претседателството од етнички Бугари во Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивната дискриминација во Македонија.

„Повеќе од сто илјади граѓани на Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободна волја и документарно потврдување на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство. Бугарите во Република Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година“, вели Радев.

Радев ги поддржува барањата до бугарските институции за олеснување на процедурите за добивање на бугарско државјанство за тие со “бугарски идентитет во Македонија”.

Бугарскиот претседател бара и институциите во Македонија да обезбедат услови и да го гарантираат правото на Бугарите на слободно самоопределување како Бугари во согласност со меѓународното право.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...