24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПратеникот Салиу: Сакам да се извинам за скандалот, но полицијата ме испровоцира...

Пратеникот Салиу: Сакам да се извинам за скандалот, но полицијата ме испровоцира на граничниот премин Блаце..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Моето однесување можеби не им се допадна на граничните полицајци кои се обидоа да ме испровоцираат мене и моето семејство. Исто така, јас и моето семејство, и покрај притисокот на граничната полиција, не сме воопшто загрижени за заканите со парични казни и запирања, загрижувачки е злоупотребата на моќта што се обидува да ме извалка, вели пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците.

<

Ве уверувам дека не предизвикав никаков инцидент, туку граничните полицајци се обидоа да ме испровоцираат мене и моето семејство, вели пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Абдула Салиу, за кого МВР вчера соопшти дека направил скандал на ГП „Блаце“ при влез од Косово во Македонија.

Тој на Фејсбук тврди дека граничната полиција не се однесувала професионално кон народен избраник и претставник на гласачите во земјава.

„Почитувани граѓани, членови, симпатизери и поддржувачи на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, се извинувам ако овие натписи направија да се чувствувате лошо, но ве уверувам дека не предизвикав ниту мал инцидент. Моето однесување можеби не им се допадна на граничните полицајци кои се обидоа да ме испровоцираат мене и моето семејство. Исто така, јас и моето семејство, и покрај притисокот на граничната полиција, не сме воопшто загрижени за заканите со парични казни и запирања, загрижувачки е злоупотребата на моќта што се обидува да ме извалка“, напиша меѓудругото Салиу.

Тој вели дека побарал да помине побрзо оти имал дипломатски пасош, но како што вели, полицијата и царината биле дрски со него, и не сакале да го сфатат дека се брзал.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...