14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонија„Охрид СОС“ најави тужба против градоначалникот Константин Георгиески поради непостапување по закон

„Охрид СОС“ најави тужба против градоначалникот Константин Георгиески поради непостапување по закон

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС” најави дека ќе покрене тужба против градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, доколку тој, односно Општина Охрид, не усвои акт за прогласување за „ништовно” одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан „Парк”.

Според активистите од „Охрид СОС”, градоначалникот Георгиески ја лажел јавноста со исказите изнесени пред медиумите дека нема правна можност за оспорување на уривањето на ресторанот „Парк” и градење хотел на истата локација.

Истовремено од „Охрид СОС” упатуваат критики и до ресорното Министерство за култура од кое се очекува нешто и да преземе, како кривична пријава против градоначалникот на Охрид поради што му дозволил на инвеститорот да го прекршува законот и со загрозување на јавниот интерес преку заштита на урбаната мафија.

Членот 66 од Законот за градење се однесува на постапката на градење според која доколку инвеститорот не почне со градба на ојектот две години од добивањето на одобрението за градење, истото одобрение престанува да важи односно се прогласува за ништовно.

„Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Сушиќ Георгиески, на прес-конференција одржана на 25 февруари 2021 г. во својот препознатлив манир – плитка ароганција, ја извести јавноста дека урнисувањето на ресторанот/дискотека „Парк“ – наградуван објект кој претставува дел од охридското архитектонско наследство од ХХ век – е „во согласност со закон“.

Ништо помалку од отворена поддршка на криминалот не очекувавме од политичар што досега во повеќе наврати покажа дека не е на страната на Охридскиот Регион, туку е на страната на урбаната мафија.

За среќа, ние многу добро ги познаваме законите, па го прашуваме Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид дали го има прочитано член 66 од Законот за градење? Ако не го прочитал досега, еве му шанса.

Помош: во став (2) од член 66 се крие одговор на прашањето „Како сега јас да го поништам правосилно одобрение за градба?“

Константин вика не можело Планот за управување со Охридскиот Регион да важи ретроградно и дрско ги прекорува новинарите и целата јавност што не го прочитале. Ова се целите на Планот:

– Контролирана крајбрежна трансформација

– Контрола врз уредувањето на плажите

– Контролирана урбанизација

– Зголемување на површините под зеленило во населбите и надвор од населените места

– Интегрирање на заштитно-конзерваторските основи во процесот на просторно и урбанистичко планирање

– Зајакнување на правната, стратегиската и институционалната рамка за управување

– Подобрување на интегритетот на доброто

А, според Акцискиот план, Општината имаше обврска до 31.12.2020 г. да изврши усогласување на сите урбанистички планови во сила со Планот за управување.

Очигледно тој што треба да си го повтори Планот е Константин. Под услов воопшто и да го прочитал. Што мисли тој, дали Планот за управување беше донесен поради тоа што практиките кои тој сега се обидува да ги легитимизира беа добри или погубни за Охрид?

Му порачуваме на Константин дека времето на „слушај ме што зборувам, не гледај ме што правам“ одамна помина. Исто така помина времето на кенкање „вмро се криви“ за гарнитура што е веќе 4 години на власт.

Го известуваме Константин дека ако сам не иницира постапка за Општината да усвои акт за ништовност на „правосилното“ одобрение за градба на ресторанот/дискотека „Парк“ во согласност со член 66 став (2) од Законот за градење – ние ќе поднесеме кривична пријава против него. Во согласност со закон – секако

Кога сме веќе на темата ефикасни институции, дали Министерство за култура / Ministria e Kulturës освен што осудува најостро (што поостро не може) можеби прави и нешто што има ефект? Како на пример поднесување кривична пријава против градоначалникот на Охрид по службена должност затоа што дозволува инвеститорот да го прекршува законот и згора на тоа ја лаже јавноста во заштита на интересот на урбаната мафија загрозувајќи го притоа јавниот интерес?

Уште околку колку ќе чекаме од институциите да видиме акција, зашто прилично се изнагледавме празна и веќе истрошена декларација?!“, пишуваат од Охрид SOS.

По однос најавите за уривање на ресторанот се огласи и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) кои, исто така побараа запирање на постапката се до целосен увид во плановите и проектите за новиот објект, како и стручна анализа за усогласеноста на Урбанистичкиот план со Плановите од повисоко ниво и законската регулатива.

Извор Охрид 24

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...