26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден пресече два канала...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога и заплени над 500 килограми марихуана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога и заплени над 500 килограми марихуана и приведе три лица, соопшти денеска портпароолот на МВР Тони Ангеловски. Точната тежина се уште не е утврдена затоа што уште е во тек мерењато и вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

<

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Северна Македонија и Грција за Турција и до сега се запленети (измерени) 424 килограми марихуана и од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството во текот на денот ќе поднесе кривична пријава против Д.Н. (47) од Скопје, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик. Во рамки на спроведенoто криминалистичко истражување утврдено е дека Д.Н. заради стекнување на противправна имотна корист заминал за Косово со цел да организира и изврши транспорт на марихуана од Косово преку Република Северна Македонија и Грција со крајна дестинација Турција. На 06.03.2021 околу 21,30 часот на ГП Богородица, по претходно изготвен план, преземени се мерки и активности и при излез од РСМ од страна на полициски службеници од ОСОСК со асистенција на Царинска управа, извршен е претрес во товарно моторно возило (влекач) „ивеко стралис“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на правно лице и приколка, исто така сопственост на правното лице, а управувано од Д.Н.. При претресот во приколката помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и одземени се 519 пакувања со марихуана, а одземени се и еден мобилен телефон со СИМ картичка, две сообраќајни дозволи, клучеви и документација. Во текот на денот продолжува претресот на товарното моторно возило, затоа што се работи за голема количина на стока. Д.Н. во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка“, соопшти Ангеловски.

Во друга акција, независна од претходната, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица, Агенцијата за национална безбедност и Армијата во близина на границата со Грција, атар на село Селемли, пресекоа канал за транспорт на дрога од нашата земја во Грција и запленија околу 93 килограми марихуана.

„Приведени се К.К. (28) –организатор на транспортот и С.К. (24)од с.Селемли., кои во моментот на вршење на кривичното дело биле затекнати до возило „шкода“ во кое била сместена марихуаната. Тие се обиделе да избегаат, но набрзо биле лишени од слобода. Извршени се пет претреси на подрачјето на Гевгелија, при што се запленети предмети поврзани со истрагата. Во врска со истрагата, постапува и полицијата на Грција со цел расчистување на случајот со овој канал за трговија со наркотици“, соопшти Ангеловски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...