23.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев утре ќе проба да го сруши законот за двојазичност пред Уставен...

Апасиев утре ќе проба да го сруши законот за двојазичност пред Уставен суд.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

УСТАВНИОТ СУД ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА „ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ“, ОБЈАВЕН ОД ЏАФЕРИ БЕЗ ПОТПИС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ.

<

По повеќе од две години од поднесената Иницијатива пред Уставниот суд на РМ против т.н. Закон за двојазичност, кој беше прогласен без указ на Претседателот на Републиката – Уставниот суд не’ кани на подготвителна седница, која ќе се одржи утре (четврток, 18 март 2021 година), со почеток во 10:00 часот, во просториите на судот – а на која ќе присуствува и претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев.
Судија-известител, на која што и требаше енормно долго време да го подготви рефератот за овој контроверзен предмет, е судијката Вангелина Маркудова.
За потсетување на јавноста, ова е случајот за којшто нашата Партија, во предизборието, поднесе и кривична пријава за саботажа против поранешниот претседател на Уставниот суд – Никола Ивановски – заради неосновано чување на предметот во фиока, со што свесно се предизвикани тешко отстранливи последици по уставниот поредок на државата, затоа што овој т.н. закон почна да се применува од институциите, без никаков правен основ за тоа.
Убедени сме дека владејачката гарнитура, после скандалозниот избор на судијата Кацарска, сега го има потребното мнозинство за да воведе опасен преседан и да ја легализира оваа правна дивоградба – што ќе значи вовед во идна опасна состојба!
Укажуваме дека доколку се воспостави пракса законите да влегуваат во сила без неопходниот претседателски потпис, каква што е евидентната намера на Уставниот суд, Македонија ќе заплови во сосем непосакувани и непредвидливи води, од аспект на идни злонамерни повреди на начелото на поделба на власта и владеењето на правото.
Нормализацијата на овој штетен преседан ќе значи одврзани раце на секоја идна власт, надвор од Уставот, комплетно да го игнорира шефот на државата и целосно да го поткопа воспоставениот правен поредок.
Апелираме уставните судии, барем еднаш во својата кариера, да станат вистински „чувари на Уставот“ и да го надминат својот сервилен однос кон властодршците, носејќи ја единствената правилна мериторна одлука со која ќе го поништат овој екстремно штетен „закон“ кој, според зборовите и на домашната и на европската стручна јавност, комплетно ја парализираше Републиката со својот етно-трибалистички концепт, кој десеткратно го пробива и т.н. Рамковен договор.Нема опис за фотографијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...