18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби и во Тирана ќе бара помош за пописот - Тиранска платформа...

Груби и во Тирана ќе бара помош за пописот – Тиранска платформа и за пописот ?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по посетата во Приштина каде што се сретна со политичките и општествени лидери, денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.  Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на попис во Македонија.

<

 

Според соопштението од кабинетот на Груби, тој исто така ќе одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.

Изјавите на Груби по посетата на Приштина за тоа дека ги повикал косовските политичари да ја повикаат албанската дијаспора од Македонија да учествува на пописот и неговата изјава дека приоритет на македонската надворешна политика е признавањето на Косово предизвика бурни реакции во македонската јавност, но не и од партнерите во Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...