11.9 C
Ohrid
среда, јануари 8, 2025
ПочетнаМакедонијаШабан Трстена до Филипче: Министре те молам да ги наградиш овие ангели...

Шабан Трстена до Филипче: Министре те молам да ги наградиш овие ангели во бело…

spot_img

Шабан Трстена, единствениот Македонец со златен медал од Олимписки игри, објави дека пред три дена, лекувајќи се од Ковид-19, бил блиску до смртта, и побара од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, да ги наградат медицинските лица кои се бореле за неговиот живот, но и сите останати од фелата, но и да бидат посебно одликувани.

„Ја користам можноста и моментот уште еднаш да апелирам до премиерот и целиот државен апарат, дека овие големи херои облечени во бело треба да им дадеме мотовација и бидат наградени, украсени со највисоки државни почести. Ова ќе се запишува и ќе ја кажува историјата низ вековите. Ова ќе биде меѓународна гордост на нашата мала земја, но од големо срце што знае да ги цени и наградува големите херои, во овој случај лекарите. Бог да го благослови нашиот народ. Со почит, срдечни поздрави од вашиот олимписки шампион, Ш.Т“, напиша меѓудругото Трстена на Фејсбук.

 

 

Освојувачот на златниот медал на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 веќе 15 дена се лекува во болница и додаде дека дури од денеска се чувствува подобро и успеал да напише пофални зборови за персоналот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија прва во Европа, петта во светот – Ама по загаден воздух

Први во Европа петти во свет, ама по загаден воздух. И денеска Скопје рекордер на листите на најзагадени градови. Единствено пред Скопје на ранг...

Мијалков снимен во Монте-Карло како вози луксузно Ферари !!

Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред скап хотел, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во...

80- метарски црвен крст го осветли Враништа на полноќ за Божиќ

Враништани на уникатен начин на полноќ го најавија Христовото раѓање. Имено долгометарски крст со бакли кој го направија младите враништани го осветли селото ,...

Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик

Штипјанецот Александар Трајковски, 17-та година по ред донира пакети со храна за подготовка на бадниковата трпеза и божиќниот ручек. По смртта на неговата сопруга...