Извикувајќи „Доста ми е од заклучувањето“ еден човек се обидел да влезе во зградата на словенечкиот парламент со моторна пила,, но припадниците на безбедносната служба го запреле на главниот влез.
Во инцидентот нема повредени, ниту настанот влијаеше врз работата на Парламентот, кој беше во процес на дискутирање за разрешување на претседателот Игор Зорчич, објави СТА.
Полицијата потврди дека биле повикани поради овој случај околу 19 часот и дека бунтовникот бил уапсен.