Американскиот лидер Џо Бајден за малку повторно ќе паднеше на скалите на претседателскиот авион, но овојпат имаше среќа.
Додека се качуваше на летот за Питсбург врнеше дожд, така што во еден момент се лизна, но успеа да остане на нозе иако во едната рака држеше торба, а во другата чадор.
– Знам дека луѓето го видоа претседателот Бајден како се лизна при влезот во авионот, но тој не беше повреден и не му требаше лекарска помош – рече Кејт Бедингфилд, директор за комуникации во Белата куќа.
Да потсетиме, Бајден го привлече вниманието на светската јавност на 19 март, кога три пати падна на скалите на претседателскиот авион.
Тогаш вработените во Белата куќа рекоа дека силните ветрови што дуваа во воената база Ендрус, близу Вашингтон, биле виновни за сè.