15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Мене никој не ме прашува дали сакам да летам, можеби ми...

Заев: Мене никој не ме прашува дали сакам да летам, можеби ми е страв?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

при посета на Прилеп, премиерот Заев и министрите Филипче и Шахпаска пристигнале со хеликоптер. Од МВР за ова информираат дека е со цел да се исполнат часовите за летање кои пилотите секако морале да ги направат.

<

„Премиерот Зоран Заев и министрите Јагода Шахпаска и Венко Филипче летаа со хеликоптер на релација Скопје-Прилеп, а на повратна линија до Скопје леташе премиерот со министрите Благој Бочварски и Венко Филипче. Но, тоа е во рамки на обврските за задолжително исполнување на работните месечни часови за летање согласно стандардите за пилотите. Целта на летот беше на владините претставници да им се овозможи навреме да се вратат од терен во Скопје за да продолжат со кабинетските обврски“, информираат од МВР.

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.

„Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше мк. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби“, откри Заев.З

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...