Една од водечките новинарки за здравство Менче Точи анализира дека Македонија се претвора во мртовечница поради бројките на заразени и починати и односот на власта кон проблемите.
<
Денес 45 починати, вчера 50 – 100 згаснати животи за два дена, се претворивме во мртовечница. И се си се одвива како да ништо не се случува.
Болниците се преполни, возилата на брза помош кружат по Скопје во надеж дека ќе се ослободи место за пациентот што се задушува. Чекаат да се ослободи место место, некој да почине или да се донесе тешка одлука кој има шанси да преживее, па да се хоспитализира”, порачува новинарката пренесува Инфомакс.