25.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаКатолиците денес го слават Велигден

Католиците денес го слават Велигден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

– Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.

<

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед.

 

-Драги браќа и сестри, се надевавме дека Велигден оваа година нема да биде оптоварен од пандемијата Ковид-19 како што тоа беше случај минатата година во ова време и дека ќе може да го славиме свечено во нормални услови, но еве и оваа година овој голем христијански празник мора да го прославиме во истите околности како и пред една година, внимателно и со сите мерки на претпазливост да се заштитиме едни од други од можна инфекција. Дури и Светиот Престол објави дека и оваа година папата Фрањо Велигден ќе го слави во празната базилика Свети Петар заради многу ограничениот број верници.

Свесни сме дека короната влијае на многу членови од нашиот народ и на многу семејства во нашата заедница. Најтешко им е на оние кои ги изгубиле своите најблиски затоа што не успеале да се изборат за уште некој додатен здив и да ја надминат оваа подмолна болест, но го предале својот дух на бесконечната милост на небесниот Отец. Вистина, ние сме, како сите суштества на земјата, и без оваа болест подлежни на минливост. Иако се обидуваме некако да го истуркаме тоа од нашите мисли, можеби убедувајќи се дека тоа ќе дојде некогаш, но за волја на вистината, сè уште не, сепак сме постојано изложени на опасност од смрт која виси над нашите глави.

 

Драги браќа и сестри, Исус со својата победа над гревот и смртта и со своето воскресение од мртвите, ни даде нов, неуништлив живот и на тој начин ги наполни небото и земјата со голема радост.

Велигденската радост ги исполнува и нашите срца. Секој што верува во Христовото воскресение, веќе совоскреснал со Него. Тој знае дека кревкоста на постоењето, и дека страдањето и смртта го немаат последен збор. Исто така знае дека со Христовата смрт и воскресение злото е надминато засекогаш, дека се скршени оковите на подземниот свет и дека сме извадени од ропството на гревот и смртта како слободни деца Божји. Така, смртта веќе не е страшило што ќе нè исполни со ужас, зашто Бог нè повика на живот и тој исто така, еден ден, кога ќе се врати во слава, ќе ги преобрази нашите тела и ќе ги придружи на своето славно тело. Кој е Христов, нема од што да се плаши. Затоа што самиот Исус порачува: „Не плашете се!“ Среќен и благословен празник Воскресение Христово – Велигден!, рече бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

libertas

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Африм Фидани е новиот претседател на Врховниот суд

Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет. -Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател...

Запре судењето против Димитриевски – обвинителството се откажа од обвинението

Запрен е судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување. Јавниот обвинител се откажал...

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...