10.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаНов удар за граѓаните: Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

Нов удар за граѓаните: Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,8 отсто.

<

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 55 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,353 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,779 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,193 отсто, намалените кај дизелот за 0,061, како и за 0,823 повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово. Наместо првично планираните 600 метри,...

Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко повреден денеска во пукотници на Бит Пазар

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар....

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...