28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЖан Митрев ги намалува цените - Наместо 12 000 евра болните од...

Жан Митрев ги намалува цените – Наместо 12 000 евра болните од ковид ќе плаќаат по 6 000 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Клиничката болница Жан Митрев ги намалува цените за лекување на пациенти заболени од Ковид. Наместо 12 000 евра пациентите ќе плаќаат само по 6 000 евра

<

„Согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да излеземе во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, би сакале да ве известиме дека почнувајќи од денеска 08.04.2021 година, Клиничката болница Жан Митрев одлучи да овозможи пакети за лекување ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега, за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра. За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8.000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4.000 евра, сега со намалување од 10 отсто ќе чини 3.600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот. Имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во нашиот ковид-центар одобруваме 50 отсто намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови“, се вели во соопштението.

 

Таму е наведено и дека капацитетите на болницата во континуитет се полни и дека има листа на чекање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...