23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветЌе се гради гиганска статуа на Исус Христос, поголема од таа во...

Ќе се гради гиганска статуа на Исус Христос, поголема од таа во Рио де Жeнеиро.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Гигантска нова статуа на Исус Христос, која се гради во јужниот дел на Бразил, ќе се издигне уште повисоко од споменикот на Христос Спасителот, кој гледа кон Рио де Жeнеиро.

<

Оваа недела на статуата, која се гради од 2019 година во градот Енкантадо, државата Рио Гранде до Сул, и беа поставени глава и раширени раце.

Завршувањето на споменикот е планирано за крајот на оваа година, соопшти Здружението на пријатели на Христос, кое ја координира работата.

– Ова е ден за празнување, за посветеност – изјави Гилсон Конзати, локален советник и син на Адроалдо Конзати, политичарот кој е идеен творец. Адроалдо Конзати беше градоначалник на Енкантадо, а почина минатиот месец поради компликации од коронавирусот.

Статуата, која ќе се вика Христос Покровителот, ќе биде висока 43 метри, вклучувајќи го и нејзиниот пиедестал, што ја прави една од највисоките статуи на Исус Христос со раширени раце. Должината од едната до другата рака ќе изнесува 36 метри, ќе има затворен лифт и набљудувачка тераса кон врвот.

За споредба, Христос Спасителот е висок 38 метри, вклучувајќи ја и платформата, а растојанието од рака до рака е 28 метри. Во октомври оваа година ќе биде одбележан 90-ти роденден.

Енкантадо, град со 22.000 жители, се наоѓа на 145 километри северозападно од главниот град на државата Порто Алегре. Проектот има за цел да инспирира вера и да го промовира туризмот во областа, тврдат неговите организатори.

Буџетот на проектот од 350.000 американски долари е целосно финансиран од донации, наведува Здружението на пријатели на Христос.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...