16.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаСлучка од македонските патишта: Одбивал помош од неа бидејќи е жена, па...

Случка од македонските патишта: Одбивал помош од неа бидејќи е жена, па останал со подзината уста кога се уверил во нејзината сила и добрина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

 

<

Македонец на социјалните мрежи напиша интересен и во модерново време не така секојдневен статус, па истиот наиде на поддршка за напишаното.
Имено, тој во текот на вчерашниот ден се нашол во непријатна ситуација кога неговиот автомобил наеднаш престанал да се движи, а првиот паркинг и првото исклучување од магистралниот пат се наоѓале на речиси петстотини метри од местото на целата случка.
Откако се јавил на неколку пријатели и му кажале дека не се во можност да му помогнат, одлучил да остане тука и да чека на милоста на случајните минувачи.
Стоел речиси три часа, но никој не сакал да застане и да му помогне да го истуркаат автомобилот, иако во тие три часа, поради тоа што автомобилот се наоѓал на сред пат, често доаѓало до застој во сообраќајот поради оневозможувањето за нормално функционирање на возилата – луѓето само го одминувале.
Се тргнало на подобро кога видел дека возило од спротивната страна ја намалува својата брзина и застанува за да понуди помош. Кога се отворил прозорецот, од автомобилот се појавила млада девојка од Куманово со уште еден помлад маж, која не сакала да си замине додека не му помогне.
Во разговор за нашиот портал несреќниот возач го кажа следново:
– По толку многу чекање и неколку неуспешни обиди за буткање на автомобилот низ угорнината, застана бел автомобил со скопски ознаки, но го управуваше млада и симпатична, а пред се, добра и племенита девојка од Куманово. Ми понуди помош и ја прашав дали има каиш за „шлепање“ за да го оставиме автомобилот на безбедно и да ја ослободиме магистралата за нормално движење… нејзиниот одговор беше – НЕ, а немав ниту јас бидејќи претходно со мојот каиш имав помогнато на едни дечки, исто така, од Куманово, кои што, ниту ги знам, ниту повторно ги имам видено. Откако видов дека не може да ми помогне, неколку пати ја замолив да си оди и и посакував среќен пат, но таа беше толку упорна и убава што ми беше незгодно да ја одбијам (низ смеа го кажува тоа). Излезе од нејзиниот автомобил, а со неа дојде и нејзиниот совозач. Започнаа да го буткаат автомобилот, па откако се обидовме и резултатот беше незабележителен, таа запре млади дечки кои застанаа зад нас, и ги повика да буткаат со нас. Добродушноста привлекува добри луѓе, па така, веќе не имаше доволно за да го кренеме автомобилот „на раце“… буткавме, одмаравме, пак буткавме, па пак одмаравме… ги истуркавме тие петстотини метри, и ете го автомобилот на страна, надвор од патот. Отпосле повикав луѓе кои што го поправија автомобилот, и по целата драма конечно си заминав дома.
Како што пишува во статусот, Александар, ниту се жали, ниту има намера да се фали, туку само јавно да и се заблагодари на девојката, која што, како што вели, покажала поголема машкост од стотина машки кои го одминале на патот и не сакале да му помогнат.
„Во ова време најтешко е некој да ти помогне, и убаво е, но уште поубаво е ако ти помогне убава девојка“ – изјави за крај Александар за нашиот портал.
Нема достапен опис

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...