12.6 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаСветОткако докторот им кажал доколку сакаат бебе ќе мора да ослабнат- Дастин...

Откако докторот им кажал доколку сакаат бебе ќе мора да ослабнат- Дастин и Ракел заедно изгубиле вкупно 190 килограми…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дастин Хол (37) ослабе скоро 140 килограми, а Ракел (34) изгуби 50 килограми

<

Гојазните маж и жена изгубиле вкупно 190 килограми со цел да можат да имаат дете по 7 години обидување.

Дастин и Ракел со години сакаа да станат родители, но секој обид беше неуспешен. Кога лекарите откриле дека слабеењето многу ќе им помогне, парот решил да стори сѐ што е во нивна моќ. Дастин успеа да изгуби дури 140 килограми, а неговата сопруга 50 килограми.

Ракел исто така страдала од синдром на полицистични јајници, состојба што им отежнува на жените да забременат.
Како успеаја да ослабат?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUSTY (@dusty_lost_300lbs)

Во 2016 година, Дастин започна диета богата со протеини и малку јаглени хидрати.
Во првите две и пол години тој успеа да „падне“ од 215 кг на 98 кг, а Ракел од 133 кг на 82 кг.

Во април 2020 година, Ракел откри дека е бремена.

– Нашата тежина нѐ спречуваше да имаме деца многу години. Драго ми е што изгубив толку многу килограми, немаше да можам да бидам активен татко ако сè уште имав над двесте килограми. Бев навистина многу неодговорен, внесував околу 14.000 калории на ден. Постојано јадев брза храна и пиев неколку литри газиран сок секој ден – призна Дастин за „ДејлиСтар“.

– Седум години се обидуваме да зачнеме бебе. Не можев да поверувам кога видов две линии на тестот за бременост – додаде Ракел.

Брачната двојка го одржува својот изглед со заедничко пешачење и редовно одење во теретана.

извор:telegraf.rs
фото:instagram

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...