7 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина Зоран Апостоловски, човекот кој се зарази од короната додека се лекувал...

Почина Зоран Апостоловски, човекот кој се зарази од короната додека се лекувал во болница

На социјалните мрежи утрово се прошири информација дека скопјанецот Зоран Апостоловски починал како последица од ковид 19. Според објавата на неговиот Фејсбук профил од 10 март заразата ја добил додека се лекувал во една од болниците во Скопје.

“ Ете и јас позитивен на корона вирусот! И покрај едногодишно внимание буквално на сите протоколи, се заразив со вирусот, не заради мое не внимание, туку поради трулиот здравствен систем, се заразив во болница! Да, во болница! Имав хируршка интервенција, иако беше малку ризична, помина во нај добар ред, бескрајно благодарен на хирургот и неговиот тим, но проблемите настанаа потоа! По оперативниот третман бев сместен во болничка соба не поголема од 20 м2 со други пет пациенти, значи шетст лица во соба, без никаква дистанца, без никакви протоколи!

Сум се инфицираал додека сум бил во собата, првиот симптом го почуствував по три дена откако бев пуштен на домашно лекување!
Се инфицирав затоа што властите при сместување на пациентите во болничките соби не ги почитуваа протоколите за корона вирусот кои самите тие ги донесоа!

Гнилиот систем не само што го стави во ризик мојот живот, го стави во ризик и животот на мојата сопруга која е во петиот месец од бременоста а јас по напуштањето на болница имав контакт со нејзе и моето синче, контактот траеше неколку дена, откако бев пуштен на домашно лекување до појавувањето на симптомите!

Сега сум во неизвесност дали сум ја инфицирал супругата и синчето или не!? И сега одговорноста каде да ја бараме? И сега карантин за кого треба за народот или за власта??? Јас ги почитував протоколите на власта, но власта не ги почитуваше протоколите која сама ги поставуваше! Се чуствувам како жртвено јагне на неспособноста и некадарносра на власта да се организира во услови на пандемија! Сега сум толку бесен на власта што би ја ставил во доживотен карантин, никогаш да не излезат на слобода! Да, ова го заслужуваат, одговорноста е ваша бруки неспособни, незнам како народот ве трпи“, напиша пред повеќе од еден месец Зоран Апостоловски кој зад себе ги остави бремена сопруга и малото синче Петар.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...