31.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаСветПо повеќе од шест месеци, иконата на Пресвета Богородица продолжува да „плаче“...

По повеќе од шест месеци, иконата на Пресвета Богородица продолжува да „плаче“ во храмот на Свети Димитриј, во предградието на Атина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Уште од 8 септември 2020 година па до ден-денес, во црквата Свети Димитриј во Неа Елветија во Виронас, иконата на Дева Марија продолжува да плаче. Автентичноста на овој настан е потврдена од локалната митрополија. Бројот на чуда се зголемува секојдневно, пишува БИГОРСКИ МАНАСТИР

<

Издадено е следното соопштение во врска со претстојниот распоред:

Драги браќа и сестри, да одговориме на Нејзиниот благодатен повик, да дозволиме Нејзините солзи да ја смират нашата болка, да ги оладат нашите страдални души, да ги изгаснат нашите страсти, да ги избришат нашите болки, раните на нашите души и конечно да се препуштиме на Нејзината благодат и да ги вкусиме Нејзините подароци за наше спасение”.

Имено, на 11 септември 2020 година, митрополијата на Кисаријани, Виронас и Хемет излегоа со официјално соопштение на својата веб-страница со известување за ,,расплаканата‘‘ икона на Пресвета Богородица која се наоѓа во Црквата на Свети Димитрија во Неа Елветија, Виронас – предградието на Атина.

Соопштение

,,Со почит кон Нашиот човекољубив Бог и Отец и со должност да ги поддржиме нашите браќа во време кога љубовта кон Бога полека оладува, ги информираме верниците за настанот – мироточење на иконата на Богородица Паригоритрија (,,Утешителка‘‘) која се чува во парохијата Свети Димитриј во Неа Елветија, Виронас.

Додека свештениког го читаше Светото Евангелие на Божествената Литургија на празникот Рождество на Пресвета Богородица, парохијаните забележаа дека иконата на Богородица Паригоритрија започна да плаче. За време на кадењето пред Големиот Вход, свештеникот се спушти од главното скалило на Олтарот и се упати кон Храмот каде што е иконата. Парохијаните го коментираа настанот, и се прашуваа зошто и што се случува.

Мироточењето продолжи да се случува во текот на следните денови.

Нашата Црква во врска со овие прашања вели дека:

,,Знаците‘‘ според словото на нашиот Господ се упатени кон верниците, а не кон неверниците. Верниците треба да бидат цврсти во верата и во нивните духовни борби. Тоа е ,,знак од Бога‘‘ за верните (Марко 16:16)

Исто така, се забележува дека:

Настанот се случи за време на Божествената Литургија, каде Светиот Дух го опфаќа просторот и со Неговото присуство го благословува собирот.

,,Знакот‘‘ се појавува конкретно на иконата на Богородица наречена ,,Утешителка‘‘ . Значи, Богородица ги поддржува и теши верните, како што ги поддржувала и тешела Апостолите и останатите верници на првиот Христијански собор, кога прогонувани и во опасност се сокрија и се чуваа ,,од страв од Евреите‘‘ (Јован 20:19).

На првиот Христијански собор, Учениците на Господ Исус Христос се собраа околу Мајката на нашиот Господ. Да се молиме нашиот Господ да не’ заштити и нас од секакви потреби.

Светата Митрополија

Прислужничката на црквата прва ги забележала „солзите“ како течат од очите на иконата додека ја чистела, како што вели во своето сведоштво:

Појдов да ја исчистам, од претпазливост поради коронавирусот, бидејќи луѓето почнаа да влегуваат. За време на Евангелието, видов дека нејзиното лево око се замаглува и од него паѓа солза. Го избришав, и повторно го избришав. Мислев дека е надворешно. Го оставив некое време. Евангелието веќе беше прочитано и отидов повторно кај иконата. Го видов и десното око полно со солза која почна да тече … Затреперив целата и почнав да плачам “.

Кога отишла да го извести свештеникот за настанот, тој и рекол да не зборува ништо додека внимателно не се испита иконата.

Со денови, толпи од верници се собираат во црквата за да и се поклонат на иконата на Богородица Паригоритрија, која продолжува да ,,плаче‘‘.

Извор: БИГОРСКИ МАНАСТИР

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...