18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЕмотивно: Ученичката Марија напиша текст за нејзината поранешна наставничка Розе која прерано...

Емотивно: Ученичката Марија напиша текст за нејзината поранешна наставничка Розе која прерано почина од последици на Ковид-19

spot_imgspot_img

Розе Работовска која го загуби животот после долгата и немилосрдна битка со COVID-19., Розе беше наставничка вработена во  ООУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец-Охрид.

Во продолжение ви го прикажуваме емотивниот текст од ученичка Марија посветено на нејзината наставничка Розе.

Животот е една патека која има свој почеток и свој крај, но тука е она што луѓето го паметат, она што останува да живее и по смртта на човекот.
Незнам како да го почнам ова, незнам ниту да го завршам ама ќе се обидам да го напишам тоа што од душа и од срце излегува, ах наставничке…
Се сеќавам, се спремавме со Наталија за државниот натпревар, бидејки општинскиот бев прво мест. Знаете, да можам ова во лице да ви го кажам поинаку ќе беше наставничке мила.
Влеговте на сред час имав македонски јазик , и ми рековте : „Ајде Маре, станувај, те пишав за награда на плоштад да одиш“, а јас знам ви вратив: „Как? Не, нема шанса не одам, физичко ми е следен час .“
Зошто е суров олку животот?! Зошто едно проклето нешто, наречено вирус ве зема многу, многу порано? А? Вие, и сите други сакавте да успеав во нешто. Памтам, наставничке, Ви ги памтам сите зборови ваши на тие пет минутки одмор кога ќе ми речевте „Кај одиш сега пак, со кого се тепаш?!“
Јас сум никоја и ништо ова што го пишувам, ама бев ученик. Бев ученик на кој што вие не предававте ама револтирана и лута сум на животот зошто ве зема рано.
Викавте: „ Маро биди среќна, биди весела да успееш тоа што сакаш.“
Наставничке, некогаш ве разочарував, знам. Во канцеларија често знаеше да се дискутира за мене, нели? Сакам да го вратам времето назад, сакам се да се врати назад наставничке, моментите, случките, се. Ви ветувам, дека како што вие и другите наставници ме учевте мене, така јас моите деца ќе ги учам..
Суров е животот, боли за тоа што повеќе нема кој да ми ги кажува овие зборови, за тоа што заминавте без да се поздравите.
Наставничке, залудно е што и да се каже што и да се напише за вас. Јас, обичен ученик бев. Ве почитував и сакав. Како викавте:„ Наставниците се сакаат како родител, школото како втор дом.“
А сега наставничке?! Бевте топлина на сред зима, вашите зборови на сите нас ученици не топлеа, вашите зборови охрабруваа… Растевме, сакавме се да биде по наше, наставничке.. Сакам и сега да биде по мое, ама не може. Ништо нема да биде исто. Нема кој да вели „ајде излегува“, „ајде учи“, „ајде деца“ , „ајде тишина, мир.. “
Два часа, споени, во цела година имавме од Вас наставничке.
А, сега, што останува. наставничке? Не доаѓате, нема веќе да се вратите, нема веќе… толку… Најдете си мир !!!
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ ШТО БЕШЕ ДОСЕГА… ПАТ БЕЗ ВРАЌАЊЕ НАСТАВНИЧКЕ.. ЗДИВОТ МИ СЕ ЗЕМА.. ЌЕ СЕ СРЕТНЕМЕ НЕКОГАШ, ТАМУ… ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР, НАСТАВНИЧКЕ!
Вашата ученичка: Марија Ж.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...