13.6 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаТалат: Јас ако кажам нема лидерска и нема да има, јас сум...

Талат: Јас ако кажам нема лидерска и нема да има, јас сум овде шефот а не Заев или Мицкоски !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е дециден дека нема да свика лидерска средба. Смета дека таквата пракса, на вонинституционално договарање и одлучување, не е добра. Партиски дијалог, оцени, мора да има, во континуитет, но не смее од него да произлегуваат одлуки ако за нивното спроведување не се испочитуваат правните и законските процедури.

<

Толкувајќи ја денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Џафери, во гостување на МТВ порача дека никој не му е шеф, ниту Зоран Заев, ниту Ахмети.

– Нема да бидам иницијатор на лидерска средба, посебно во ситуација кога лидер на партија не е пратеник. Работата на Собранието не треба да зависи од лидерските средби. Воспоставената пракса да функционираме на лидерски средби, надвор од институциите е лоша, за жал. Парламентарната демократија не познава вонпарламентарни политички договори, туку функционира на база на пропис и процедура. Не порекнувам дека има потреба од состанување на партиските лидери. Но, тие направиле крчма без крчмар што било преведено дека сум бил суетен зашто не сум бил поканет. Не, не сум суетен, туку укажував дека е лоша праксата на меѓупартиски договори и надвор од институциите да се прокламираат одлуки како конечни, рече Џафери.

Тој потенцира дека е претседател на Собранието и дека сите шефови на претеничките групи му се нему подредени. Според Џафери, треба конечно во земјава да се сфати принципот на парламентарна демократија, а не да се раководиме по принципот на шефување.

– Џафери како претседател на Собранието нема да се впушти во толкување на лидери на политички партии. Но, и Мицкоски и кој било друг треба да разбере, а убеден сум и дека знае оти јас немам шеф. Јас сум шефот. Јас сум претседател на Собранието и никој не ми е шеф, ниту ми е Заев шеф, ниту Ахмети, подвлече Џафери.

Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...