16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМаричиќ: Работниците се „моторот“ на државата.

Маричиќ: Работниците се „моторот“ на државата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Работниците секогаш биле „моторот“ кој ја движи државата и затоа повеќе од еден век светот го одбележува Меѓународниот ден на трудот – 1 мај, објави министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук во честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

<

– Оваа пандемска година треба посебно да им се заблагодариме на здравствените работници кои деноноќно неуморно работат да го сочуваат нашето здравје. Благодарноста кон нив, но и кон сите други работниците ја покажуваме преку грижата за нивната положба во општеството, наведе Маричиќ во објавата.

Тој потсети дека пред три месеци е потпишан правилникот за зголемување на платите на судската полиција, со што е решен долгогодишниот проблем со примањата на овие работници.

– Затворската полиција добива нови униформи. Вработените во Воспитно-поправниот дом во Волковија имаат светски услови за работа, а интензивно се реконструираат и повеќе затвори низ земјава. Оваа година ќе ги решиме платите и статусот на судиите, јавните обвинители, судската и јавнообвинителската служба. Тука нема да застанеме и проблемите ќе ги решаваме посветено, со труд и визија. Другари работници, нека ви e честит Меѓународниот ден на трудот – 1 мај!, наведе Маричиќ во првомајската честитка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...