14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОграбен манастирот Св. Атанасиј во Скопје: Kрадците од црквата украле 5.000 евра,...

Ограбен манастирот Св. Атанасиј во Скопје: Kрадците од црквата украле 5.000 евра, а успеале да влезат низ тесен прозор каде што собира само дете…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Парите собрани од неколку литургии за откупување на плац за гробни парцели, средување на капијата и останатите преправки во црквата Св. Атанасиј во Усје исчезнаа синоќа.

<

Некаде по полноќ храмот во храмот е извршен грабеж и од сефот се украдени околу 5.000 евра како што наведе клисарот Ацо Ѓуровски, кој 12 години му служи на овој верски објект..

-Требаше капела да направиме и да се дособерат уште малку пари за да се откупи нивата за гробните места. Тешко е, ова до сега не ни се случило, не очекувавме некој на црква да направи грабеж, ама ете се случи,вели Аце Ѓуровски – Клисар.

Додека бевме присутни се одвиваше и увидот на терен од страна на полицијата, беше пронајден нож од страна на инспекторите со кој бил обиен прозорот кај олтарот на црквата преку кој ограбувачите стигнале до сефот каде што биле чувани парите.

Иако тесен, сепак овој прозорец бил доволен да се влезе во црквата и да се изврши грабежот.

Од страна на МВР за Канал 5 велат дека се собрани потребните податоци за тешката кражба и дека се работи на понатамошно расчистување на случајот со цел да се пронајдат сторителите.

Ова не е прво обивање на цркви, во последниве неколку години слични случаи имаше во скопската црква Св. Ѓорѓија, црквата Св. Стефан во Аеродром, како и во Св. Троица. Грабежите кои што се случија во овие цркви е до шест илјади денари, што синоќешниот грабеж го прави еден од најголемите од сличен карактер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...