13.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанката Афродита додека живела во Холандија некој си направил куќа во нејзиниот...

Скопјанката Афродита додека живела во Холандија некој си направил куќа во нејзиниот двор во скопски Чаир.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека живеела во Холандија во дворот од родната куќа во скопски Чаир, непознат сторител изградил дивоградба, тврди Афродита Серафимовска, чија куќа е лоцирана на улица Дижонска бр. 11, во општина Чаир. Таа за ТВ Алфа раскажува дека неодамна ја известиле комшиите дека во нејзиниот двор покрај куќата и гради уште еден објект.

<

Екипата на Алфа беше во Чаир со Афродита, но за жал таа не успеа да си влезе во родната куќа. Таа веќе 20 години не живее во земјава, па кога ќе дојде, при сопствен дом, мора да изнајмува стан за престој.

Оваа сторија во јавноста пред неколку години за првпат излеззе, но и понатаму е актуелна.

Иако поседува имотен лист за куќата, а како што вели, поднела и барање за легализација на дворното место, во нејзиниот двор се одвиваат градежни активности.

Непознати луѓе ми изградија куќа во мојот двор. Имам докази дека водам постапка уредно и во суд и во општина и во сите институции, вели Серафимовска.
Иако поседува имотен лист за куќата, пред неколку години поднела и барање за легализација на дворното место, но и покрај тоа во нејзиниот двор се изѕидала уште една куќа. Афродита нема информација кој е новиот газда. Претпоставува дека тоа биле блиски луѓе на градоначалникот на Чаир, зашто токму од општината немало никаков одговор, освен празно ветување дека дивоградбата ќе биде срушена. Според неа, останува нејасно и врз основа на какви документи се вршат градежни активности на парцелата која е во државна сопственост.

Се обратив и до градоначалникот, но не бев примена. До сите институции се обратив, писмено до Министерството за правда, за внатрешни работи, до градежната инспекција. Се надевам дека некој ќе ми помогне и ќе ми излезе во пресрет, апелира Серафимовска.
ТВ Алфа лично се обрати до општина Чаир. Праша кој гради и што ќе се преземе со случајот, но веќе неколку дена од општината молк.

Афродита вели дека Градежната инспекција на Општината донела решение за рушење на објектот уште лани, но акцијата била одложена, зошто – никој не знае.

Афродита не ја исклучува можноста да побара помош и од Холандската амбасада, односно од државата каде сега живее, зашто се работело за загрозување на човековите права. Се надева дека случајот нема да ја прелие чашата и институциите ќе преземат се, за час поскоро проблемот да биде надминат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Три лица од кривопаланечко го убиле 84-годишниот дедо кој беше пријавен за исчезнат !!!

Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка...

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...