9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСо рушење на дивоградбите нема да постигнеме ништо, само ќе оставиме 50.000...

Со рушење на дивоградбите нема да постигнеме ништо, само ќе оставиме 50.000 семејства без покрив над главата…

Не смееме 50 илјади граѓани, семејства да ги оставиме без покрив над глава и ние мора да носиме одлуки, решенија на проблемите кои се генерациски, кои некој ни ги остави. Како што беше прашањето со името и многу други за кои влегуваме во нивно решевање и во овој поглед решенијата се или рушење на дивоградбите или соодветна правна законска рамка, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Николовски рече дека сега слуша оти шефот на државата не го потпишал Указот.

-Секако дека СДСМ ги штити сиромашните, ранливите категории и во ниту еден случај нема да ги руши тие објекти. Меѓутоа треба низ соодветна постапка со вклученост на сите да се наоѓаат законски, легални и соодветни механизми на решавање на ова и на многу други прашања кои ни ги оставиле во наследство храбро да ги решаваме и да ја трасираме оваа земја напред, нагласи Николовски.

Според него, формално-правно е прашањето што понатаму, како и кој било друг закон.

-Кога претседателот нема да го потпише се враќа во соодветна процедура, владина или собраниска и секако дека сите забелешки во секој поглед треба да бидат земени предвид при носењето на новите одлуки и законски решенија, изјави Николовски пред вакциналниот пункт на спортската сала „Борис Трајковски“, каде ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот.

МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...