14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаБелоглавиот мршојадец од Берово- Сунчица, по прелетани 18 илјади километри се врати...

Белоглавиот мршојадец од Берово- Сунчица, по прелетани 18 илјади километри се врати на Балканот

Македонското еколошко друштво информира дека по 5 месеци зимување на Блискиот Исток светскиот патник Сунчица се врати на Балканот. Во 2019 година заедно со Фондот за дива флора и фауна на Сунчица и на уште неколку други белоглави мршојадци од Грција и Македонија им беа ставени ГПС предаватели.

Со овие предаватели се прави обид да се следи и да се спречи нивното труење на Балканот. Труењето е една од најголемите закани за популациите на мршојадци чии бројки стрмоглаво опаѓаат. Сунчица направи импресивна „прошетка“ сѐ до Блискиот Исток.

На почетокот на октомври 2019 година Сунчица беше пронајдена во Берово прегладнета, преморена и неспособна за лет. Асоцијацијата за заштита на животните Про-анима од Берово ги повика на помош експертите од МЕД и до крајот на октомври Сунчица беше ослободена на Витачево од каде замина на исток. За жал, во средината на ноември таа повторно беше во неволја, во близина на езерото Вистонида во Грција. Младата птица не можела да најде соодветна храна и повторно беше прегладнета и истоштена. Сунчица беше префрлена во Солун каде ветеринарен тим се грижеше за неа до декември. Од декември 2019 до октомври 2020 таа леташе над источните Родопи и Централен Балкан, а потоа полета кон Црното Море и следејќи го брегот ја помина Турција и одлета кон Ирак и Иран.

Шест месеци подоцна Сунчица е назад на Балканот летајќи на небото над Западна Бугарија.

Од октомври 2020 Сунчица прелета 18.732 километри. Растојанието од нејзината почетна точка до местото каде најдалеку одлета е 2.800 км.

mkd.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...