13.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСе случи и инцидент на протестот за поддршка на палестинскиот народ во...

Се случи и инцидент на протестот за поддршка на палестинскиот народ во Скопје, интервенираше и полицијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Две страни на еден ист медал. Тензичен протестен собир во знак на солидарност со Палестина, каде што за малку беше избегнат поголем инцидент.

<

Собирот беше организиран од здруженијата Социјален центар Дуња и Гласни идеи, против, како што наведоа во повикот на ФБ – етничкото чистење од државата Израел врз палестинскиот народ и нападите од израелските власти изминатава недела.

Апелираа на мирен протест без национални и верски обележја, но набргу им се придружија лица кои не го почитуваа овој повик. Токму тоа беше причината организаторите да го напуштат собирот.

Атмосферата стануваше тензична. Од Социјалниот центар Дуња без гневни што нивниот собир е злоупотребен за, како што наведуваа, верски фундаментализам, кој според нив не е суштината на поддршката за палестинскиот народ.

По ова, активистите од Дуња и Гласни идеи се решија својот собир да го одржат на другата страна од плоштадот Македонија и оттаму да ги упатат своите пораки, додека од спротивната страна на плоштадот се слушаа само верски скандирања.

Ова е случај кој не трпи верски фанатизам, туку е проблем со идеолошка и хумана позадина, потенцираа од здружението.

“Упатуваме порака до Меѓународната заедница и покрај сите злодела што ги направи во изминатите децении, да најде сили да ја одржи седницата на Советот за безбедност и да се разговара за ситуацијата. Долго време се случува невидена репресија и злосторство врз палестинскиот народ”, изјави дуња

Комплесниот израелско – палестински проблем се обиде да го доближи и докторот Мани Мехмелат, сириец, кој 35 години живее во Македонија.

“Јас се кладам дека не постои еден политичар во Израел кој нема дедо или прадедо роден во Палестина. Они се дојденци таму од 1947 година. Ниту ОН ниту организации за човекови права на го бранат палестинскиот народ”

Ескалирањето на судирот и страдањата ги коментираа и македонските политичари. На својот твитер профил премиерот Заев напиша дека не смее да има толеранција за антисемитистички напади, додека пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски го осуди испалувањето ракети од појасот Газа кон израелското население.

За ваквите ставови, Македонија беше поздравена од израелскиот премиер, кој ја вметна земјава како една од 25-те кои го поддржуваат Израел во конфликтот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Татко со неговите двајца синови го извришиле убиството на старецот од Крива Паланка, па го закопале до неговата куќа !!

Полицијата вчера попладне уапси три лица од кривопаланечкото село Луке, двајца синови и нивниот татко. Тие се сомничат за убиство на својот соселанец. -Полициски службеници...

Три лица од кривопаланечко го убиле 84-годишниот дедо кој беше пријавен за исчезнат !!!

Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка...

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...