14.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Граѓаните едвај ги чекаат локакните избори за повторно да гласаат за...

Николовски: Граѓаните едвај ги чекаат локакните избори за повторно да гласаат за СДСМ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија Сител истакна дека детално преку системот за следење на работата на партијата, што се воведе се следи работата на градоначалниците и советите, но и на функционерите на државно ниво.

<

– Имаме евиденција дека околу 6400 проекти ветени од страна на нашите градоначалници и совети се испорачани, околу 4000 се во тек на реализација и околу 1900 што не се започнати и треба да започнат во останатиот период – соопшти Николовски.

Тој нагласи дека на претстојните локални избори СДСМ ќе излезе со чесна понуда и одговорни кадри, кои на анкетите ќе бидат најдобри.

– Ние кон крајот на месецот ќе преминеме и со штабска работа, ќе биде избран и централниот изборен штаб и ќе започне постапката за евидентирање и предлагање на кандидати за советници и градоначалници – најави Николовски.

Тој додаде дека во оваа постапка ќе се искористат сите модерни алатки, кои ги имплементираше СДСМ во изминатиот период, преку реевидентирање на над 80.000 членови, новите дигитални картички.

– Ќе овозможиме и членовите да се определат за кандидатите, но и ќе направиме истражување на јавноста и на тоа што мислат граѓаните за кандидатите – истакна Николовски.

Генералниот секретар посочи дека ова освежување од Конгресот, ќе продолжи и при избор на кандидати за советници и градоначалници, но секако оние што покажале резултати, се докажале ќе имаат шанса, можност повторно да бидат кандидати.

– СДСМ е убедлив во промените и во победите, фаворити сме на локалните избори, според сите истражувања, кои ги прави партијата, но мораме да предложиме, а граѓаните да изберат чесни, одговорни и способни кандидати – порача Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија Сител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...

Алијанса за Албанците го исклучи од партија Мито- директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на...

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...