19.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаOд неговиот дом се шири неподнослива миризба, а единствена храна му е...

Oд неговиот дом се шири неподнослива миризба, а единствена храна му е таа од народната кујна- Сашо за тв Сител кажува доколку ја нема и оваа храна ќе биде приморан да краде.

Сашо Бошкоски од Прилеп живее во невидена мизерија, домот му е целосно распаднат, а во него буквално не се ни влегува од неподносливата миризба. Вистинско чудо е како воопшто е жив. Живее само само 4.000 помош од држават. Тој е еден од 25-те семејства на кои сега му се носи храна до домот од народната кујна преку проектот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, финансиран од Австриското министерство за социјални работи, а во соработка со Центарот за социјална работа Прилеп и Домот за стари лица.

„Да не е оваа храна што ми ја носат тешко дека ќе јадам нешто во текот на денот, ќе мора да крадам, со 4.000 денари не се живее. Единствено нешто што јадам во текот на денот е ова што го гледате, што ми го носат“, вели Сашо Бошкоски, корисник на услугите на народната кујна.

Оброците за граѓаните кои ги користат услугите на народната кујна се подготвуваат во Домот за стари лица, од каде пак се земаат со велосипеди од членовите на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и се разнесуваат до домовите на социјално ранливите семејства. Ова е прв ваков проект во Македонија.

„Локалната акциона група ЛАГ АГРО ЛИДЕР набави 2 електрични велосипеди, со цел да покажеме дека се грижиме и за животната средина. Веќе доставуваме оброци до социјално загрозени семејства, особено за време на пандемија. Да им помогнеме да се заштитат од вирусот и навремено да им биде доставена храна. Во текот на денот ние доставуваме 25 оброци, сега сме на почеток се надеваме дека оваа листа ќе ја прошируваме постепено“, изјави Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Освен овој проект ЛАГ АГРО ЛИДЕР го спроведува и проектот за пилотирање на услуги за поддржано вработување на млади. Земени се 27 млади од ранливи категории до 29 години, кои се обучуваат за одредена работа, а од нив вработени се 7, дел од нив во народната кујна.

„Се со цел да се вклучат полесно на пазарот на труд. И самата замисла на новиот закон за социјална заштита, кој спроведуваме од 2019 година, е да не градиме генерации на корисници на гарантирана минимална помош, туку полесно припадниците на оваа категорија на граѓани да ги вклучиме на пазарот на трудот и да градиме здрави семејства. Да го прекинеме тој наследен ред на користење на социјална помош“, истакна Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Инаку дневно во народната кујна во Прилеп се приготвуваат 100 оброци, со тенденција тој број да се зголеми доколку има потреба.

тв сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...