13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНов рок за автопатот Кичево – Охрид, ќе биде готов во 2023-та...

Нов рок за автопатот Кичево – Охрид, ќе биде готов во 2023-та или почетокот на 2024-та

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатот Кичево-Охрид. Бочварски рече дека автопатот ќе биде заврши кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година, истакнувајќи дека изградбата на овој автопат е најголемиот проект во историјата на Македонија.

Рустеми, пак, подвлече дека реализацијата на изградбата во првото тримесечје од 2021 е 5,14 милиони евра, а вкупната реализација до сега изнесува 322,4 милиони евра.

„Досегашната реализација е 322,4 милиони евра а реализацијата за првото тримесечје е 5,14 милиони евра. Сакам да истакнам дека сега почнуваме со голем интензитет и оваа година се надевам дека по одобрувањето на неколку проекти од инфраструктурата од страна на Министерството за транспорт и врски ќе има повеќе работа и активности што е многу важно за Коридорот 8“, вели Ејуп Рустеми.

Автопатот Кичево- Охрид започна да се гради во 2014, а досега се реализирани само 62% од работите. За ова денеска реагираше коалицијата АА-ААА прашувајќи го јавно премиерот Зоран Заев каде е правдата за, цитираме „криминалот и корупцијата“ во овој проект, што го пријавуваше преку прислушуваните разговори. Дали ќе заврши и овој случај со амнестија и партнерство со криминалот како што завршија сите досегашни случаи?

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...