12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаДо кога новинарите ќе живеат во страв?!- По втор пат уништен автомобилот...

До кога новинарите ќе живеат во страв?!- По втор пат уништен автомобилот на новинарката на неделникот Фокус, Вики Клинчарова.

spot_imgspot_img

Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ го осудува оштетувањето на возилото на новинарката на неделникот Фокус, Вики Клинчарова и го оценува како директен атак врз слободата на говорот и правото на информирање.

Колешката Клинчарова, на која вчера непознати сторители со остар предмет го оштетиле нејзиното возило, минатата недела добила закани од лице со криминално досие поради објавен текст во неделникот.

Разочарани сме од бавната реакција на полициската станица во Неготино, која испуштила веднаш да го повика на разговор лицето што упатувало закани на новинарката, со објаснување дека било празник.

Политичката волја на Владата и на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да престанат нападите на новинари нема да вроди со плод ако ваквата политика не се спроведе од сите полициски структури.

Најдобра превенција на идни напади на новинари е воспоставување на ефикасен институционален механизам за остро казнување на напаѓачите на новинари. Тоа ќе ги обесхрабри насилниците и ќе создаде безбеден амбиент за работа на новинарите, без кое нема да се подобри состојбата со слободата на медиумите во Македонија.

ЗНМ во последните шест години има регистрирано над 50 напади на новинари, а ниту еден од насилниците не е казнет

Таа сега објави лична непријатна случка, а станува збор за непознати сторители кои се обиделе да го уништат нејзиниот автомобил.

После оваа случка се огласи колешката Вики Клинчарова на нејзиниоот Фб профил:

-Поздрав до баг-рата која по втор пат во три месеци ми ја вандализ -ираше колата. Случајот е пријавен во поли-ција. Во изминатите десет години, ова е можеби десетти пат, како пријавувам атаци од диво пле-ме на надлежни органи.

Ниту еден престапник не беше откриен и изведен пред лицето на правдата. Нап-адот врз медиумските работници е напад врз службено лице, или тоа важи само селективно?

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...