16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаГрција повторно ни вети: Штом се осигуриме дека постои можност ќе ви...

Грција повторно ни вети: Штом се осигуриме дека постои можност ќе ви дадеме вакцини.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Штом се осигуриме дека постои можност, веднаш ќе ги поддржиме со вакцини нашите соседни земји, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Брисел, веднаш по Европскиот совет за време на брифингот со грчките новинари.

<

Во однос на тоа како Грција може да учествува и да го помогне Ковакс системот, Мицотакис објасни дека едниот начин е билатерално да се помогнат соседите, а другиот преку директен придонес во вакцините што ќе ги собира Европа.

– Имаме различни начини да придонесеме. Прво, можеме да придонесеме на билатерално ниво и во овој момент разгледуваме непосредно прво билатерално зајакнување на нашите соседи. Потоа, имаме можност да учествуваме или директно во Ковакс или евентуално преку европската иницијатива, односно и ние да влеземе во 100-те милиони вакцини што Европа сака да ги собере. Ова ќе биде начинот, но многу веројатно е дека ќе излеземе со некои соопштенија за директна поддршка на нашите соседни земји, штом се осигуриме дека ја имаме оваа можност, веднаш ќе го сториме тоа – објасни Мицотакис.

Говорејќи за вакцините во ЕУ, грчкиот премиер истакна дека Европа ги обезбедила дополнителните дози за 2022 и 2023 година, а според неговата процена, сигурно ќе биде потребна уште една доза девет до 12 месеци по првата вакцинација.

Оцени дека е „многу позитивно“ тоа што некои од вакцините веќе се одобруваат и за помлада возраст, нешто, што според Мицотакис, дава можност да се отвори дискусија и да се разгледа вакцинацијата на деца над 12 години.

Паралелно, говорејќи со грчките новинари, го изрази неговото задоволство за европскиот сертификат за вакцинација, усвоен по предлог на Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шофер во Здравствен дом Берово уапсен – Во службено возило пронајдена дрога

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во...

Претепан српски пратеник во Белград!

Партијата за слобода и правда објави на социјалната мрежа X дека нејзиниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан на протест во Белград. „Шефот на пратеникот на...

Трипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски...

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...