Матурантот Тони Сали, кој никогаш не доби извод, здравствена книшка и лични документи, е пронајден починат на улицата „Индира Ганди“.
Овој случај е евидентиран во дневниот Билтен на МВР:
На 27.05.2021 околу 07.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.