30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНа интернет некој постирал вест дека починал Орце Стефковски – Царот, а...

На интернет некој постирал вест дека починал Орце Стефковски – Царот, а тој е жив и здрав !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера на социјалните мрежи, на повеќе страници и портали, беше пренесена веста дека на 59-годишна возраст, се упокоил Орце Божиновски.

<

Тој е таткото на еден од највлијателните и најсподелувани колумнисти во Македонија, Божидар Божиновски. Божиновски меѓудругото е и писател и сценарист.

Тој на социјалните мрежи се прости од својот татко, кој утре требало да наполни 59 години:

-Не требаше вака татка, утре требаше роденден да ти е, 59… Мирни неба и небески планини…, напиша неговиот син.

„Замина симболот на Кривени – слави ти Орце“, напишаа на страната на селото Кривени. Божидар Божиновски изрази посебна благодарност на сите за секоја порака, јавување и поддршка:

-Голема е листата на луѓе кои овие шест недели се покажаа како огромни и помагаа на секој начин. Вечно ќе ви сум благодарен, додаде тој.

Погребот на Орце Божиновски ќе биде утре во неговото родно село Кривени.

Веста за упокојувањето на Орце Божиновски беше споделена на многу страни, а некаде го пишуваше само неговото име, без презиме – Орце.

Поради името, но и поради сличноста во физиономијата, многумина помислија дека се работи за познатиот пејач на патриотски песни Орце Стефковски – Царот.

Освен што помислиле, почнале да и упатуваат и пораки со сочувство на неговата сопруга, исто така познатата водителка Драгица Стевковска – Дракче.

По тој повод, таа реагираше на социјалните мрежи:

„Молчев цел ден за да не се возн емирам уште повеќе а и да се обидам да сокријам од децата.. Но страшната вест допринесе многу да се вознемирам и среќа што со мојот сопруг се слушнав многу брзо.. Шокантно ….Ми изразуваа сочуство а јас во шок…

 

 

 

ОРЦЕ Е ЖИВ ЗДРАВ И НАСМЕАН. Далеку е од нас физички и затоа не погоди веста.. Бог да го чува и него и сите..
Проверувајте и објавувајте…“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...