11.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаСветОткриен птичји грип на пет фарми во Косово..

Откриен птичји грип на пет фарми во Косово..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово (АХВК) објави дека во пет живинарски фарми во четири косовски градови е откриено присуство на птичјиот грип Х5Н8, по што живината од истите е истребена, јави дописникот на МИА од Приштина.

<

Според соопштението на АХВК, во уште две други фарми, сите семејни стопанства, во тек е дијагностицирањето и тие се изолирани до добивањето на наодите.

Повикувајќи се на Светската здравствена организација, АХВК наведува дека птичјиот грип е мошне смртоносен за дивите птици и живината, и обично не ги заразува луѓето. Сепак, се напоменува во објавата, во 2021 година заразата е откриена кај седум лица во Русија.

Се работи за работници во живинарска фарма кои учестувале во операција за спречување на избувнување на грипот. Сите останале асимптоматични и немало никаква видна клиничка манифестација кај ниту еден работник во фармата под лекарски надзор, ниту пак кај членовите на семејствата и другите блиски контакти на седумте случаи, информира АХВК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...